Broken HeartНа секои две минути по едно лице во Велика Британија умира од срцев удар, што значи дека срцевите заболувања се сеуште причина број еден за смртност кај населението. Еве три едноставни начини за одржување на здравјето на срцето.

1. Спијте подолго
Една американска студија откри дека секое четврто лице, кое спие помалку од четири часа во текот на ноќта, страда од хепертензија, во споредба со само еден од осум лица, кои спиеле по седум часа.

2. Уживајте во секси сеанса
Мажите, кои имале секс двапати во неделата покажале 45 отсто намалена веројатност од добивање на срцево заболување, во споредба со мажите, кои оваа „гимнастика“ ја практикувале едвај еднаш во месецот, тврди една американска студија, која траела 16 години и се спроведувала на повеќе од 1.000 машки испитаници.

3. Пијте црвено вино
Меѓутоа, не повеќе од една чаша на ден. За ваквата благопријатна здравствена придобивка треба да му се заблагодариме на ресвератролот, соединение, кое се наоѓа во лушпата на црвеното грозје и кое го забавува стареењето на срцето. Црвеното вино е исто така благопријатно во спречувањето на таложењето на масните киселини во артериите.

Сподели