bubreziИако се многу важни, граѓаните не водат ред за нив, па годишно милиони луѓе умираат од болести на бубрезите. Болеста настанува како резултат на неизлекувано и запуштено акутно воспаление на бубрезите. Најчест знак за распознавање на болеста е често мокрење ноќе  кое го прекинува сонот. Болните се со бледожолта боја, се жалат на мал апетит и замор. Во урината се наоѓа крв,се појавуваат силни главоболки, а крвниот притисок обично се  зголемува. По неколку години од болеста се појавува големо отекување како знак за слабеење на бубрезите. Ако сакате да имате здрави бубрези, ќе ви наброиме неколку работи кои треба да ги избегавате.

1. Премалку вода

Ако не пиете доволно вода, тоа може да биде еден од најзначајните фактори за оштетување на бубрезите. Главна задача на бубрегот е да излачува метаболички отпад од телото и да ја регулира рамнотежата на електролитите. Ако телото не е доволно хидратизирано се намалува протокот на крвта, што резултира со насобирање на отрови во крвта.

2. Полна бешика

Многумина имаат навика кога им се моча, да трпат и после некое време да отидат, што е многу опасно за бубрезите. Ако е бешиката подолго време полна со урина, може да дојде до разни компликации на уринарниот тракт. Затоа внимавајте и редовно одете во тоалет.

3.Премногу натриум

Обработка на натриум е уште една задача на бубрезите. Солта е главен извор на натриум, а тој треба да биде излачен од телото. Кога јадете многу солена храна, бубрезите се сериозно оптоварени со тоа да  лачат големи количини на натриум, и тоа на подолго време може да биде тешко за бубрезите.

loading...
Сподели