Топ 3 намирници за вашите малечки

Little girl eating vegetable salad.Сите родители сакаат нивните деца да бидат здрави и силни. За да ги навикнете децата да јадат корисни намирници, морате тоа да го сторите уште кога се многу мали. Така здравата храна ќе им биде вкусна, а нездравата храна нема да им биде привлечна.

Спанаќ

Спанаќот е вистинска витаминска бомба. Богат е со каротеноиди и калциум кои на коските и забите им даваат цврстина. А додатно плус е, тоа што спанаќот има многу малку калории.

Јогурт

Киселомлечните производи содржат живи, активни бактерии кои го подобруваат имунитетот, го подобруваат работењето на цревата и го смируваат желудникот. Освен тоа јогуртот е најдобар извор на многу важен минерал, а тоа е калциумот.

Патлиџан

Патлиџанот е богат со провитаминот А, железо, цинк, калиум кој е многу добар за срцето. Витамин Ц има во патлиџанот исто колку што има и во лимонот. Исто така содржи и ликопен – антиоксиданс кој го штити телото од слободните радикали.

 

Scroll To Top