Нездравите навики можат да почнат да се развиваат по многу години занемарување на вашето тело без тоа и да го забележите.

Разгледајте ја оваа листа внимателно и направете план за  иднина со ставање крај на овие нездрави навики:

10.  Време за физичка активност

Повеќето луѓе едвај имаат време за спиење па камоли за вежбање. Живеејќи пасивен живот без физичка активност може да доведе до сериозни здравствени проблеми како на пример мозочен удар или артритис. За возрасните се препорачува 30 минути физичка активност секој ден. Ова не мора да се направи одеднаш. На пример може да направите вака: 10 минути пешачење во текот на денот а потоа 20 минути кардио трнинг или кревање тежина. Постојат и вежби што може да ги правите и додека сте на работа или додека патувате.

9. Пијалоци и калории

Многу луќе преферираат да конзумираат најразлични видови пијалоци само не вода. Компаниите поради овој факт почнаа да произведуваат вода со различни вкусови како би била по примамлива за потрошувачите. Факт е дека овие напитоци содржат голем број калории и овие луѓе само со пиење ја надминуваат дневната потреба од калории. Не се препорачуваат и сите оние диетални напитоци со вештачки засладувачи. Наместо да ја избегнувате водата заменете ги сите овие пијалоци и наместо тоа пијте вода.

8. Брза храна

Зависнота од брзата храна е проблем од кој се потешко ќе се одвикнете доколку  долго време сте се хранеле на овој начин. Брзата храна, оброците од микробранова можат брзо да ги задоволат нападите на глад, но се многу штетни за вашето здравје и изглед. Оваа храна содржи голем број калории како и мноштво нездрави супстанции кои можат да доведат до здравствени компликации како срцеви заболувања и покачување на ХДЛ “лошиот” холестерол.

7. Јадење пред телевизорот

Јадењето брза храна е еден проблем, но правејќи го тоа седнати пред телевизорот само го дуплира проблемот  и води кон покачување на телесната тежина и други здравствени компликации.

Еве што се случува кога јадете седнати пред телевизорот:

Вие сте толку расеани што не знаете кога треба да прекинете со јадењето и внесувате многу повеќе отколку што е потребно. Колку често ви се случува да изедете цела кеса чипс или пуканки гледајќи некој филм или утакмица и при тоа дури и да не го забележите тоа?  Со јадењето пред телевизор создавате лоша навика секогаш кога гледате ТВ истовремено и  да јадете нешто дури и кога не сте гладни.

6. Неправилности во спиењето

Прескокнувањето само на еден час дневно спиење може да има драстични последици по вашето здравје ако тоа го правите често. Кога сте постојано уморни тогаш сте изложени на ризик од незгоди како и подлежни на појава на следниве компликации:

  • несоница
  • срцеви заболувања
  • мозочен удар
  • хипертензија

Истражувањата покажале и корелација меќу тип 2 диабетес и премногу спиење, поради нарушувањето на нивото на шеќер во крвта. Што значи правилно е да се спие 8 часа дневно, ни повеќе ни помалку од тоа и едното и другото носат нездрави последици.

5. Кофеинска зависност

Повремено и умерено консумирање кафе може дури да биде полезно за вашето здравје, но кога тоа ќе премине во навика и зависност тоа е сосема друга приказна. Премногу кофеин може да ви го наруши сонот и води кон високо ниво на стрес.

4. Запоставување на правилната исхрана

Ако сте развиле некои од предходно набројаните лоши навики тогаш најверојатно го игнорирате и правилниот режим на исхрана. Ако не го снабдувате организмот со точниот износ на потребните витамини, минерали и хранливи материи, се ставате себеси во опасност од појава на разни здравствени компликации.

3. Премногу време пред ТВ

Поминувањето на многу време пред телевизор создава пасивен начин на живот. Ова ве прави мрзливи и ве демотивира за било каква физичка активност. И ова искомбинирано со другата лоша навика-јадење пред ТВ представува двојна доза проблем. Ако веќе треба да гледате ТВ тогаш направете нешто продуктивно за тоа време што ке ви биде од полза како вежбање на некоја фитнес справа како трака за трчање или слично.

2. Претерување со алкохолот

Алкохолот е нешто што е наменето да се конзумира во умерени количини, а не секој пат кога имате лош или добар, ден во канцеларија. Многу луѓе не обраќаат внимание на опасностите што ги носи прекумерната употреба на алкохол. Некои од потенцијалните здравствени ризици од прекумерно пиење вклучуваат:
заболување на црниот дроб
хепатитис
депресија
немир
деменција
мозочен удар
рак на црниот дроб
рак на дебелото црево
рак на дојка

1. Пушењето

Најлоша од сите овие нездрави навики во оваа листа е пушењето. Не само што е пушењето една од водечките причини за смрт, исто така, може да доведе до:

зголемен ризик од срцеви заболувања и мозочен удар
рак на белите дробови
зголемен ризик од хроничен бронхитис
леукемија
рак на бубрезите
рак на гркланот
рак на желудникот
рак на грлото на матката
неплодност
раѓање на мртво дете
рак на грлото
рак на усната шуплина

Со толку многу здравствени ризици поврзани со пушењето,  мистерија е  зошто луѓето не се откажат од  оваа нездрава навика што порано.

Најлошото нешто во врска со оваа листа на нездрави навики е кога тие меѓусебно се поврзани односно се комбинираат:

Недоволното спиење создава потреба од внесување кофеин за да може нормално да функционирате во тек на денот. Ова води кон кофеинска зависност а тоа пак кон пореметување на сонот. Трошењето премногу време пред телевизорот значи и помалку време за физичка активност. Ако некој ужива во јадењето пред ТВ, повеќе време поминато пред ТВ значи и повеќе јадење и најчесто тоа е нездрава храна. Ако некој пие премногу значи внесува и премногу калории, а најчесто тоа оди заедно со внесување на нездрава брза храна и пушење.

Со кршење на овие нездрави навики, значително ќе ја подобрите вашата здравствена состојба и ќе го промените начинот на живот кон подобро.

Сподели