Тоник за кожа од јагоди

TONIK OD JAGODI

Вкусно и мало овошје, а сепак во себе содржи огромна моќ. Главните состојки на јагодата се овошните киселини, алфа-хидроксилни киселини кои помагаат во отстранувањето на мртвите ќелии од површината на кожата.Со помош на ова овошје можете да направите тоник за чистење на кожа на природна база.

Потребни ви се 4 зрели јагоди, 1 капка есенцијално масло од лаванда или нане.

Испасирајте ги јагодите со вилушка и процедете ги преку газа. Добиениот сок промешајте го со маслото од лаванда или нане. Добиената смеса со помош на памук нанесете ја на лицето и вратот, избегнете го пределот околу очите. Масирајте ги лицето и вратот 1 минута, а потоа со ладна вода измијте го лицето.

Овој тоник се препорачува за мрсна, комбинирана, нормална кожа и кожа склона на акни.

Advertisement