Тиквата е едногодишно растение, кое води потекло од Централна Америка. Таа уште е позната и како симбол за регенерација и долговечност.Тиквата е шампион по содржина на железо, бакар, и флуор, содржи калиум, калциум, манган, цинк, кобалт, силициум. Богата е со пектини, шеќери, витамините С, Е, витамини од групата В, каротин. По содржината на каротин таа е побогата дури и од морковот. Освен тоа, тиквата е богата со прехранбени влакна кои лесно се усвојуваат од страна на организмот. Најголема предност и е што е малку калорична.               

Благодарение на се што содржи во себе, таа е идеална храна за луѓето кои страдаат од кардиоваскуларни болести, ја зајакнува работата на срцето, ги зацврстува крвните садови и ги намалува отоците.Оние пак што имаат проблеми со црниот дроб, што се анемични, лицата кои страдаат од болести на желудникот исто така треба да јадат редовно тиква. Таа во себе содржи соли на  цинк, а тоа значи дека ја подржува  потенцијата кај мажите.

Тиквата има примена и во козметиката и од неа се прават маски за разубавување на кожата на лицето. Сокот од неа ги зацврстува забите и штити од кариес.Семките од тиква се одличен извор на протеини. 50-тина грама семки задоволуваат половина од дневните потреби за аминокиселини. Со грицкањето семки се снабдуваме и со омега-3 масни киселини кои се познат чувар на срцето, видот и расположението. Таа се бере во есен и од неа се прават сокови, слатко ,се пече ,се вари и во многу кујни ја користат како прилог на многу јадења. Кај нас неа ја гледаме со потценување и малку поретко ја користиме, но никогаш не треба да заборавиме што вели народот: Подобро е да се јаде тиква отколку банана.

loading...
Сподели