Познато е дека темјанот содржи хемиско соединение кое е многу корисно. Аромата на темјанот навистина ги ублажува душевните болки, го враќа чувството на смиреност и сигурност кај човекот. Тоа е факт.

На запад, темјанот најдобро е познат по анти-воспалителните својства. Разните студии потврдиле дека екстрактот од темјан, ацетат ги намалува невролошките оштетувања и е ефикасен против депресија и анксиозност.

Со својата арома ја зголемува енергијата на телото и ја подобрува функцијата на мозокот како и помнењето. Постојат многу ароматерапии каде темјанот се користи за олеснување на стресот, напнатоста, хистеријата и депресијата.

Лековитата моќ на темјанот е далеку поголема.

Источната медицина го цени темјанот поради фактот дека ги зацелува раните кои полека зараснуваат и ги смалуваат лузните. Помага кај болките во зглобовите и мускулите, го намалува одливот на крвта од носот и дава енергија и сила.

Темјанот исто така се користи за лечење на болестите на плуќата.

Има моќ да го исцелува телото и да ги лечи белите дробови. Тој помага против бронхитис , астма, синузитис, чести настинки и алергии.

Со цел да се постигне соодветен ефект, потребно е да се стави малку на страна и да се вдишува масло, неколку пати на ден.

Тој е одличен за инхалација. Во еден литар топла вода, додадете една лажица од тинктура на темјан и вдишувајте. Набрзина ќе го почувствувате ефектот.

Според верувањето на Ајурведата, темјанот во домот носи добро здравје на сите членови на семејството.

Со негово користење, исто така, се спречуваат инфекциите. Факт е и дека темјанот ги убива микробите во воздухот, водата и што е најважно во телото.

Најдоброто што можете да го направите за себе е секој ден да палите темјан и со него да ја исчадите целата куќа. Освен што ќе го смири вашиот ум, темјанот ќе го дезинфицира просторот и воедно ќе ги убие сите вируси во него.