Студија покажува дека 80% од луѓето буквално “спијат со телефон”, а околу половина од нив го користат за будилник. Тоа речиси секоја ноќ го нарушува сонот и вие на крајот не го добивате потребниот одмор за да го одморите вашиот организм.

Имајте предвид не само дека не треба да го оставате телефонот на ноќното шкафче додека спиете, најдобро е да го оставите надвор од вашата спална соба, препорачуваат британските експерти.

Не за прв пат, се откриваат негативните ефекти на мобилниот на вашиот мозок, но практиката на лекарите се повеќе ја покажува негативната страна и последиците кои телефонот може да предизвика.

Се почесто пациенти се жалат дека не можат да заспијат. Решението може да е едноставно – поместете го мобилниот телефон надвор од собата во која спиете.

 

Сподели