Сигурно некогаш се имате запрашано како вашето бебе ги гледа нештета околу себе, односно како изгледа светот од бебешка перспектива.

bebe

Треба да знаете дека перцепцијата на бебето е најјасна кога се наоѓа во прегратката на своите родители, затоа што прецизноста на неговиот вид е таква да најубаво ги гледа оние нешта кои му се најбитни. Бебето точно во прегратката на својот родител може најјасно да го види лицето на својот родител. Тие можат да гледаат и подалеку од оваа далечина, но тешко можат да го задржат фокусот на објекти кои се на поголема одалеченост. Потребно му е време на бебешкото око односно на мускулот на окото да зајакне, па така немојте да се плашите доколку вашето бебе гледа со до половина отворени очи.

Сигурно сте се запрашале и кои бои може да ги види вашето новороденче.

Од боите тоа најубаво ги распознава контрастите. Црно -белите играчки ќе му бидат многу поинтересни од другите. Бебето сака да набљудува се што има околу себе,  но тоа секако не е лесна задача за едно новороденче. Трудете се што почесто да го преместувате вашето бебе во станот или во куќата во која живеете за тоа да има секогаш нешто ново околу себе. Додека пак, прошетка во парк би претставувала вистинско уживање за вашето најмило.

Сподели