Оваа освежителна напивка содржи толку корисни супстанции што со полно право може да се нарече коктел на убавината и младоста. Сурутката може да ја купите во продавница или да ја спремате сами во домашни услови.

РЕЦЕТИ ЗА СУРУТКА

Во еден литар варено или пастеризирано млеко додајте лажица павлака или ќефир, прекријте ја со чиста крпа или оставете ја во топла соба од 12 до 24 часа. Штом ќе се згрутчи млекото, ќе се видат густи грутчиња од кисело млеко – тоа е густо кисело млеко.Загрејте го додека не се направи сирење,па исцедете го низ платнена ткаенина. Младото сирење може да го користите за јадење, а добиената течност е сурутка. Пред употреба оладете ја.

Коктел со кој промената е загарантирана

Во половина литар сурутка додајте едно лажиче мед и едно лажиче лимонов сок, промешајте и веднаш испијте го. По една недела редовно земање на овој коктел, ќе забележите необични, но позитивни трансформации.Кожата ќе добие посвеж изглед, ќе стане поеластична, а ако го пиете коктелот наутро наместо навечер, ќе почнат да се топат и вашите килограми.

loading...
Сподели