Денес ќе ви пишуваме за некои работи кои прават вашиот стомак да се подуе, а сите знаеме тогаш колку непријатно се осеќаме. Со отекувањето на стомакот немаме само естетки проблем, туку и здравствен. Причините за оваа појава се различни, од кои некои и доста изненадувачки.

poduenost na stomakotСтомакот понекогаш може да се подуе и од чаша вода  и додека кај некои луѓе тоа е едвај видливо, кај други стомакот повеќе се зголемува и  им предизвикува грчеви, запек и др здравствени проблеми.Многу луѓе реагираат на загреаната врела храна по чије конзумирање доаѓа до оваа непријатна појава.

И хормоналните промени можат да бидат причина за потечен стомак. Во текот на овулацијата јајниците испуштаат прогестерон, кој ги опушта мускулите на абдоменот, поради што жените изгледаат подебело.

Гумите за џвакање се исто така непријатели на стомакот. При нивно џвакање обично се голта повеќе воздух отколку што е потребно и поради тоа доаѓа до подувување. Брзото јадење исто така доведува до овие проблеми. И недостигот на добри бактерии може да го подуе стомакот.

Стресот може да предизвика пречки во дигестивниот тракт , всушност тој и преставува најголема причина за оваа појава. Многу пациенти сами си кажале дека овој проблем го имаат при стрес и напната состојба. Тие веројатно имале предиспозиции за такви проблеми, но стресот дополнително ги влошил.

Сподели