Стрес

Во енормната библиографија посветена на стресот, бројни автори се обидуваат да го дефинираат самиот збор стрес, како и стресогените фактори со општиот синдром на адаптација на индивидуата, откако еден или повеќе потполно новосоздадени , за неа дотогаш не доживеани или случени настани и случувања, потполно или делумно го менуваат правецот и текот на секојдневното искуство совладани, апсолвирани, сознаени состојби.

Следејќи ја литературата, стресогените афективни состојби ги среќаваме под најразлични имиња, имено, „непријатна емоција, страв, блокирање, нетрпеливост, интолеранција, некумуникативност, личноста ми создава непријатност и не можам да ја поднесам, егзогена психотраума, афективно непријатно доживување итн. Всушност, секогаш се работи за една евокација на аксиозност, асоцирана со депресивност, безволност и инертност, некакво непријатно чуство или расположение кое дури не може да се опише, но во основа секогаш е непријатно за индивидуата, кое предизвикува некаква внатрешна емотивна напнатост, чуство на нелагодност, „не можам да опишам , ама не се чуствувам добро….. нешто ме притиска внатре, кога ќе го сретнам или видам тоа и тоа лице“.  Многупати стресогениот фактор не може да се дефинира прецизно и затоа степенот на стресот со прекумерното влијание на нашите животи е генерално потценет.

Зборот СТРЕС, има англиско потекло и за првпат почнува да се употребува во 17-тиот век, означувајки( според англискиот вокабулар) повеќе значења:„ мака, страдање, болка, искушение, испит, несреќа, катастрофа, принуда, сила, стега“, со еден збор, широка палета од значење, кои во основа означуваат една импулсивна внатрешна сила врз еден објект, уште поточно речено екцесивна внатрешна тензија од агресивни пулзии која за подолг временски период е способна, ако е пролонгирана да генерира соматски и ментални растројства. Токму поради овие бројни значења, бројни психолози во литаратурата, стресот го нарекуваат и со име ЕМОСТРЕС, најмногу поради фактот што физички агресивните агенси предизвикуваат физиолошки и емотивни реакции.

Тригер- факторите или провокативните, односно декланширачки фактори ги нарекуваме стресори кои секогаш предизвикуваат една каскада од комплексни реакции, кои, пак, имаат цел да го предизвикуваат таканаречениот општ синдром на адаптација, синдром за кој се вели дека е генетски програмиран, кој се декланшира во нас самите, секогаш кога нашиот соматски интегритет и нашата психолошка хармонија и баланс се ставени во некаква опасност, имајќи на ум дека токму овој „генетски програмиран мотор“ на стресната каскада, без сомнение, преставува еден од најфасцинантбите генератори и механизми на нашата креација и мотивација. Можеби чудно но вистинито и секојдневно присутно. За тој „креативен генератор“подоцна ќе имаме можност да зборуваме многу повеќе.

Со неколку реченици да го појасниме значењето на „агресивните стимули“популарно нарекувани како стресори. Всушност, зборувајќи за стресот, секогаш пред себе треба да ја имаме релацијата: агресивни стимули, стресори и консекутивната реакција од нив, појава на синдромот на општа адаптација.

Кои и какви се фактори можат да се појават како стресори? На прво место се:

физичките фактори ( разни видови на повреди, фрактури, несреќи со повреди на телото, катаклизми со опасности од смрт поради соматски повреди)

психоемотивни трауми, уште нарекувани со името егзогени психотрауми ( интензивен страв, разни типови на фрустрации, фобии, анксиозности, тешка болест со брз лош исход, жалост, тага, фамилијарна дисхармонија, страст, копнеж, голема љубов, склопување брак, развод)

социопрофесионални трауми ( конфликти и интолеранција со мобинг и уценување на работното место, отпуштање од работа, преговори без резултат, контроли со цел за затварање на фирмата, сите можни неправилности,одговорности со последици, поврзани со средината, работна и фамилијарна во која една личност живее, твори и опстојува) и, конечно, таканаречени

сетилни фактори (глад, жед, ладно, топло, силна врева и викотници со пискање и врескање, многу силна светлина, блескот, смрдлива реа, многу силен мирис).

Сите овие стресори, сукцесивно(следствено) ја „ активираат“ каскадата на органски реакции, преку нервнохормоналните механизми на активност, почнувајќи од хипоталамусот, генерирајќи го општиот синдром на адаптација.

Прочитајте повеќе во книгата на Проф. Д-р Методи Чепреганов и Теодора Костовска “Стресот и ние”.

Проф. Д-р. Методи Чепреганов е дел од врвниот тим на Поликлиника Неуромедика. Неуромедика е прва приватна поликлиника во Р.Македонија која успешно работи веќе 23 години. Таа им овозможува примарна и секундарна здравствена заштита на своите пациенти во своите 7 поликлиники. Поликлиничко-дијагностичката дејност е лоцирана на две локации во Скопје (Центар и Влае), Битола, Тетово, Куманово, Штип и во Кукуш-Грција со ординации од општа пракса и специјалисти од сите области. Неуромедика има повеќе од 100 вработени лица со високо стручна подготовка: лекари специјалисти и супспецијалисти од различни области, лекари општа пракса, медицински сестри, менаџерски тим и дополнителна администрација.

Проф. Д-р. Методи Чепреганов

Специјалист по невропсихијатрија

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

02/2 042-323

Advertisement