Стравови кои управуваат со вашиот живот

strahovi
Сигурно во животот сте сретнале некого кој се плашел да донесе одлука, да успее, се плашел од унапредување, од врски, од промени… Има стравови кои не само што управуваат со вашиот живот, туку и ве  ограничуваат во се помал и помал круг. Еве некои од нив:

1.Страв од работа

Наведувате различни причини зошто не работите, не сте успешни. Најчесто, виновни се надворешните околности. Но, дали работа е само времето минато во канцеларија, фабрика..? Постојат бројни можности времето конструктивно да се искористи. Ако не ги гледате, стравот ве инхибира.

2.Страв од успех

Кога во нешто сте успеале, кога сте на врвот, можеби ќе се исплашите од осаменоста на местото. Или ќе стравувате од паѓање, затоа што секогаш ќе постои некој кој ќе се обиде да ви го превземе приматот. За да не бидете срушени, сами успевате својот пат кон успехот да си го саботирате. Иако за ова најчесто и не сте свесни дека го правите, наведувате низа објаснувања зошто не работите најдобро што можете. Виновни се околностите, работното опкружување, вашата неспособност. А, сепак, вистинската причина за тоа е стравот.

3.Страв од љубов

Ако во љубовта сте биле повредени, може да се затворите во себе, или да формирате само површни комуникации зошто тие не можат да ве повредат. Овој страв на подлабоко ниво значи стравување од можноста за губење на личната рамнотежа. Ова станува автодеструктивно, кога бирате личности кои не можат да ви го дадат она што ви е потребно, кои не можат да го разбудат она најдоброто во вас, или кои немаат капацитет за подлабоки чувства. Премногу сте исплашени да се менувате себе си, па бирате личности кои ве повредуваат и потоа станувате уште поисплашени дека некој повторно ќе ве повреди.

4. Страв од туѓата проценка

Овој страв особено е видлив кога давате се од себе, а производот на вашата активност не е адекватно проценет, или лошо е оценет. Ако згора на ова кај вас доминира ставот дека ако не е најдобро, тогаш за ништо не вредите, сте се нашле на најдобар пат да станете мрзливи.

Терапија – Единствен начин за да од сето ова излезете, е најпрво да ги согледате вашите стравови и на кој начин тие ве ограничуваат. Важно е да бидете свесни од што и зошто се плашите. Ова е важно зошто најчесто за овие стравови и не сте свесни, туку ги доживувате како некоја нелагодност, мрзливост, површност, заборавност. Ирационалните стравови се само маска за оние вистински стравови, претворени во некои симболи и значења кои успеваат да и побегнат на вашата свесна проценка, но не и на вашата потсвест. Потребно е да излезете од вашиот личен затвор и ако во тоа сами не успевате, побарајте стручна психолошка помош.

Психолошко советувалиште Тајна
.

Advertisement