Страв од неодобрување

neodobruvanje
Стравот од неодобрување иако за многумина делува необично, за некој може да бидестрашен. И тој страв е многу подлабок од она познатото слегување со рамениците кога нешто ќе кажете или направите. Овој страв е вткаен во вашите основни чувства за самовреднување. Ако дозволите туѓите одобрувања или неодобрувања да ве дефинираат, тогаш сте на добар пат да поверувате како нешто од основа е погрешно. И тоа постојано така ќе размислувате во сите ситуации кога некој ќе покаже како е незадоволен.
Факт е дек повеќето луѓе сакаат кога некој ќе ги фали и ќе им ги одобрува нивните постапки. Но, имате проблем ако ова ви стане нешто кое ви е апсолутно најважно. Не е голем проблем кога сакате вашите напори да бидат наградени со одобрување. Но, тоа може да стане огромен проблем ако вашите самооцени за тоа колку сте добри ги базирате врз основа на тоа како другите реагирале. За да го разберете овој страв од неодобрување, преставете си своја лична ситуација ( или на некој кој добро го познавате)како со себе и со своите одлуки не можете бидете задоволни, се додека другиот(најчесто партнерот) тоа не го потврди. Еве едно ново сознание кое може д ви го промени стравот од неодобрување:
Во животот може многу да ризикувате и да го толерирате интезивното неодобрување на другите, па дури и кога силно ве критикуват, се додека сте во релација со својот интегритет. Иако не е лесно кога луѓето што ги почитувате ќе ви кажат како не сте во право, сепак е возможно. Ослободувањето од стравот од неодобрување, подразбира да знаете кои вредности и судови вам ви припаѓаат, а кои ви се наметнати. Тоа значи да знаете што кај себе почитувате, а потоа да имате храброст на неодобрувањата да им се спротиставите. Притоа, многу е важно на своите желби, убедувања, да им останете верни.
Еве два примери: Да кажеме дека некој ве замолил да размислите за најдобрите делови од вас самите, па вие на врвот сте ја ставиле вашата љубов кон предизвици.
А работите работа која ви е додевна, послабо платена, монотона, но вашиот партнер, таа работа ја одобрува. Одлучувате во работата да внесете новини, да ја проширите…Тој сето ова не го одобрува. Вие иако знаете дека партнерот го сакате, одбивате да го поставите во позиција како тој да е целиот ваш свет. Го правите првиот чекор. Тој продолжува да реагира, критикува, мрмори… Но не може да ве поколеба. Иако партнерот се противи, вие сте решени тоа да го направите и успевате. И сега работата ви е многу позабавна, повеќе заработувате и во неа уживате. Но има и личности кои немаат ни успешна кариера, ни лагоден живот, а сепак и тие решиле да се ослободат од својот страв од неодобрување. Направете си една слика како позади стравот од неодобрување постои слобода да замислите и создадете живот кој навистина ви припаѓа, па тогаш речениците од типот:„немаш чувства, или се што направиш е глупаво, или тоа баш тие моронски и сл.“кој од другите сте ги слушале, не само што го губат своето значење, туку неможат и да ве поколебаат во вашата мисија на справување со стравот од неодобрување.
Сето ова не е лесно. Но, секогаш кога ќе се охрабрите со својот брод вие да управувате, правите голем чекор кон формирање, живот кој го одразува она што вие го знаете и во кое верувате дека тоа за вас е она што е навистина она вистинското. Тоа е она вистинското кое независи од тоа што другите го мислат или го говорат. Така ќе се справите со својата зависност од одобрување. Ако сами во тоа не успевате,побарајте стручна психолошка помош.
Извор Psiholosko sovetuvaliste Tajna

 

Advertisement