анорексија-1Според некои истражувања, од булимија страдаат помеѓу 2.5 и 5 отсто од девојчињата и момчињата на возраст од 15 до 25 години. Но, се претпоставува дека бројките се и поголеми. Имено, булимијата поуспешно се крие со текот на годините, бидејќи за разлика од анорексијата, телесната тежина секогаш е во нормалните граници.

Истражувањата покажале дека луѓето, кои страдаат од булимија имаат слабо развиена самодоверба. Освен тоа, чувството кон животот воопшто не е позитивно. Напротив, како што самите често наведуваат, животот ги тера на повраќање. Семејствата од кои потекнуваат оние, кои се болни, треба да се хармонични, додека конфликтите и расправиите ја тераат личноста уште повеќе да навлезе во болеста.

Woman is vomiting sicknessПубертетот е фаза во која најмногу се проширува оваа болест. Незадоволството од сопствениот изглед, незадовоството од моменталната состојба на телесната тежина, статусот во околината се големи предизвикувачи на оваа опасна болест.

Организмот на заболените на ја прима храната, со тоа што, тие ја повраќаат на почетокот на сила, а потоа самиот организам се навикнува, го заборава чувството на обработка на храна и почнува сам да ја исфрла. Ова е една од најстрашните и смртоносни болести на денешнината.

Сподели