Ова е стар народен лек за искашлување на лепливата слуз кај деца и возрасни, а која се смета за главен причинител за почетен бронхитис.

Потребни состојки, за возрасни:

500 г ливадски мед (може и посилен)
Сок од 1 лимон
3 лажици лененово семе
1 лажица семе од бел синап

Потребни состојки за деца над 2 години:

  • 500 г лесен, багремов мед (или некој друг, посветол мед)
  • Сок од 1 лимон
  • 2 лажици ленено семе
  • 1 мала лажичка семе од бел синап

ПРИГОТВУВАЊЕ (10 мин):

  1. Лененото семе и белиот синап, измелете ги во прав.

2. Исцедете сок од поголем лимон.

3. Во тегла со мед, додадете го лимоновиот сок, и добро промешајте за да се разреди медот.

4. Во вака разредениот мед, додадете ги лековитите, мелени зачини, и убаво промешајте до изедначување.

Извор: nmd.mk