Спондилоза, болест на „компјутерскиот“ човек – еве ги симптомите!

spondilozaСекојдневно се зголемува бројот на граѓани, кои имаат проблеми со рбетниот столб, болест позната како спондилоза, која во денешно време „удира“ и по млади и по стари. Но, уште поалармантно е тоа што, младата популација се почесто е мета на ова дегенеративно заболување. Спондилозата уште е позната како болест на “компјутерскиот” човек, кој малку или воопшто не спортува, нездраво се храни и има вишок килограми. Административните службеници и граѓаните што работниот ден го минуваат во седечка состојба, пред компјутер се предиспонирани за појава на дегенеративни промени на рбетот.

Според лекарите, распространетоста на болките во грбот во земјава често ги наведува луѓето да помислат дека проблемите со болките во грбот се нешто, со што мораат да живеат.

– Многу често се избегнуваат препораките на лекарите и можностите за намалување на болките и се препуштаат на секојдневните работни обврски, без да помислат со какви здравствени проблеми понатаму ќе се соочат. Често пати се повикуваат на мислата „болките во грбот не се опасни и посетата на доктор не е неопходна“, при што со ваквото тешење си прават проблеми на самите себе – објаснуваат лекарите.

Тие додаваат дека многу лошо е тоа што децата, уште од мали нозе постојано седат пред компјутер и играат игри, со што на тој начин го искривуваат рбетот.

– Родителите треба уште од мали да внимаваат, децата да не седат постојано на компјутер, затоа што на тој начин ќе имаат проблеми со рбетот. Иако сите ја занемаруваат таквата болка, сепак треба да знаат дека се работи за сериозна болест, кој понатаму многу може да им штети во движењето и функционирањето – тврдат лекарите.

Промените при спондилозата можат да го зафатат целиот рбетен столб, но најмногу се изразени во оние делови, каде што добро подвижен дел на рбетот преоѓа во помалку подвижен или неподвижен дел. Според лекарите, на вратниот дел од рбетот, спондилозата се јавува во третата деценија на животот, а во лумбалниот дел околу четвртата деценија.

Advertisement