Доколку често се разболувате од настинки или имате кардиоваскуларни проблеми, потребно е нешто да направите за да го подобрите вашето здравје и да ја зголемите општата здравствена состојба на вашиот организам.

Во продолжение прочитајте го рецептот за приготвување на мешавината од три моќни состојки кои кога ќе се спојат заедно делуваат магично, што не е случај ако се консумираат одвоено.

Формулата потекнува од Германија и веќе ја користат голем број луѓе ширум светот!

Лекот содржи три состојки: лук, лимон и ѓумбир.

Потребни состојки:

  • 2 литри дестилирана вода
  • 4 органски лимони со кора
  • 4 главици лук
  • 4 см корен од ѓумбир

Постапка:

Добро измијте го лимонот и исечете го на парчиња. Исчистете го лукот и излупете го ѓумбирот.

Сите состојки добро сомелете ги во блендер и миксајте се додека да добиете хомогена смеса.

Добиената мешавина ставете ја на оган и постапено додавајте вода и мешајте додека да започне да врие. Во тој момент тргнете од оган и оставете да излади.

Процедете ја мешавината и складирајте во стаклени шишиња или тегли. Се чува во фрижидер.

Употреба:

Пред употреба протресете го шишето! Пијте по една ракиена чашка два часа пред вечера, на гладен стомак.

Сподели