utrinski ma;nini pri bremenstУтринските мачнинини кај жените со повремено повраќање, многу често се гледаат во раната бременост, па се смета за еден од несигурните знаци на бременоста. Кај голем број трудници, мачнините започнуваат наутро, а како одминува денот, се намалува нивниот интензитет. Но, овие мачнини всушност можат да се јават во било кое време на денот или вечерта, а понекогаш можат да бидат присутни и во текот на целиот ден.

Околу три четвртини од бремените жени се соочуваат со овој проблем. Утринските мачнини најчесто започнуваат во шестата седмица од бременоста, но може и порано, а вообичаено се смируваат околу почетокот на второто тромесечие. Сепак кај некои трудници, утринските мачнини можат да продолжат и во текот на целата бременост, со можни периоди на пауза.

Бремените жени, освен субјективните тегоби, немаат некои посебни непријатности, не се пореметува нивната општа здравствена состојба, нивниот нормален живот, ниту правилниот развој на бременоста. После пократко или подолго траење, обично најдоцна до крајот на третиот месец, субјективните тегоби на бремените жени исчезнуваат и бременоста нормално напредува.

За да се олесни оваа состојба, се препорачува наутро да појадуваат додека се сеуште во кревет, а во текот на денот да земаат мали и чести оброци, ладна и цврста храна. Течности треба да земаат помеѓу оброците. Обично тоа е и доволно симптомите да исчезнат, па останатата терапија е непотребна.
Меѓутоа, ако повраќањето зачестува и почнува да ја пореметува општата состојба на жената, тогаш не станува збор за бременост, туку за заболување на бремената жена. Таквата трудница повраќа неколку пати на ден, но сеуште може да зема и да ја задржува храната и земената течност, па нејзината општа состојба не е многу пореметена.

Тој стадиум на болеста се нарекува повраќање во бременоста (emesis gravidarum) и во многу случаи пореметувањето не се развива понатаму, туку постепено, обично после третиот месец на бременоста, без оглед на терапијата, се смирува, односно настанува спонтана регресија (повлекување) на болеста. Меѓутоа, кај овие трудници не треба да се чека спонтано да се поправи состојбата, бидејќи во извесен процент, наместо подобрување, може да настане опасно влошување, кога и лекувањето станува тешко и комплицирано. Затоа трудниците со emesis gravidarum треба да се лекуваат.

Ако имате благи утрински мачнини имате на располагање широк спектар на работи со кои можете да си помогнете. Секоја трудница е различна, па ќе треба да пронајдете што е тоа што ви одговара вам. Еве неколку совети:
– Обидете се да избегнувате храна, која ги поттикнува мачнините. Ако ви се чини дека речиси сите прехрамбени продукти го прават тоа, јадете ги тие малку што не ви пречат.
– Топлата храна има повеќе миризба, па можете да се обидете да јадете ладна храна или храна на собна температура.
– Наутро пред да станете изедете неколку крекери и полежете околу пола час. Чувајте ги крекерите во близина на креветот. Крекерите можат да помогнат и ако се разбудите со мачнини во текот на ноќта.
– Јадете повеќе помали оброци и грицкајте во текот на денот, така да стомакот никогаш не ви е празен.

loading...
Сподели