grceviДали појавата на болни грчеви на мускулите на нозете е поврзана со недостаток на витамини и минерали? Прилично е голема веројатноста дека станува збор за ниска концентрација на електролити во крвта – магнезиум, калциум, калиум, натриум, а причината најчесто се состои во прекумерно губење на течности од организмот, по пат на потење или пиење на лекови какви што се диуретиците.

Магнезиумот, освен што игра улога во метоаболизмот на јаглехидратитем протеините и мастите, исто така учествува во процесите на мускулна и нервна стимулација, како антагонист на калциумот. Имено, калциумот е одговорен за стегање на мускулите, а магнезиумот за нивно опуштање. Поради тоа, мускулите не се во состојба да се опуштат, доколку постои недостаток на магнезиум. Тој се препорачува по дневна доза од 300 мј (за жени), додека околу 450 мг за бремени жени и доилки.

При појава на грч, ногата треба да се испружи и истегне се до врвот на прстите. Оваа положба треба да се задржи додека да помине грчењето на мускулите. Исто така, блага масажа може да го намали непријатното чувство и болката. Разновидната исхрана богата со магнезиум помага за намалување на грчевите, особено кога се јавуваат за време на спиењето. Кај зачестените грчеви, се препорачува и додаток во исхраната со магнезиум.

Сподели