Совети за чисти крпи

krpi za kupaitolo

Незамисливо е вашата кујна и купатило да бидат без крпи, кои многу често се нечисти и смрдливи. Ако не се грижите вашите крпи да бидат чисти, постои голема веројатност дека ќе го загрозите вашето здравје. Подолу ќе ви напишаме неколку совети за чистење и одржување на вашите крпи:

1. Пред првата употреба на крпите, тие треба добро да се исперат , бидејќи на нив има остатоци од хемикалии и полно бактерии кои се соберени во текот на нивното производство.

2. Детергентот кој ќе го употребите за нивното перење, треба да има антимикробни додатоци, бидејќи тие не само што го спречуваат стварањето на плесен, туку и крпите многу убаво ќе мирисаат.

3. Добар трик за потполно да ги исчистите вашите крпи е од кога ќе ги исперете, да ги ставите на центрифуга. И тогаш бидете сигурни дека бактерии на крпите ќе нема.

4. Кога ќе ги исперете крпите, веднаш ставете ги да се сушат. Никогаш немојте да ги оставате во пералната или ако рачно ги перете во лавабото, бидејќи дури тогаш ќе дозволите на бактериите  полесно да се одомаќинат во нив.

5. Ако сте во можност, секогаш купувајте крпи кои содржат во себе 100% памук и да бидат претежно бели. Можеби на нив почесто се гледаат нечистотиите, но се полесни за одржување, бојата нема да им се испере и стално ќе ви изгледаат нови.

6. Во перална кога перете, тие секогаш нека бидат посебно од другите алишта и секогаш перете ги на висока температура. За да ви бидат побели крпите, секогаш користете избелувач, а доколку го немате можете во пералната да ставите алкохолен оцет или сода бикарбона. Но внимавајте, оцетот и содата никогаш не одат заедно.

7. На крпите никогаш не ставајте омекнувач, зошто е полн со хемикалии. На нашиот портал имаме напишано како се прави омекнувач во домашни услови, па можете да прочитате и да го примените.

8. Ако крпата е многу загадена ,тогаш оставете ја да преноќи со избелувач, и потоа ставете ја во перална.

9. Крпите перете ги денски, за да можете веднаш да ги ставите да се сушат. Не треба да ги оставате подолго време надвор, за да не се полнат бактерии.

 

 

Advertisement