Совети при воспаление на увото кај бебињата

bebeИстражувањата покажуваат дека воспаленијата на увото се појавуваат многу поретко кај децата, кои се хранеле со мајчино млеко и во семејства, во кои членовите се непушачи. Исто така, детето треба да се чува од настинки, бидејќи тие преставуваат една од најчестите причини за појава на воспалено уво.

Освен тоа, по капењето добро исушете ги ушињата на бебето, меѓутоа, не со стапчиња, туку со врвовите од фротирската крпа или со крпче од мека ткаенина. Со стапчињата се чисти само надворешниот дел од увото, а не внатрешниот. Со оглед на тоа дека не постојат специјални мерки за превенција од воспаление на увото, единствено што може да се стори е да се следи однесувањето на детето, за да се утврди дека не дошло до нeкакво оштетување на слухот, како последица од зачестените инфекции.

Често пати воспаление на увото се јавува после прележана настинка. Ако бебето кашлало или му течел носот, а неколку дена после тоа одеднаш качи температура, има голема веројатност дека се работи за воспаление на увото. Тоа може да му предизвикува болка на бебето при доењето и голтањето. Ако кога го доите или храните бебето со шише, наеднаш се трга од болка, посетете го неговиот лекар. Има голема веројатност дека се работи за воспаление на уво.

 

Advertisement