Солариумот влијае на расположението кај жените

00031088

Солариумот има позитивни ефекти, и покрај ризикот од развој на рак, покажува новото истражување на научниците од Северна Каролина.

Излегува дека голем дел од претставничките на понежниот пол не одат на солариум само за убав тен, туку за да се ослободат од стресот.

Научниците прашале 706 жени меѓу 18 и 25 години за причините поради кои одат на солариум. Изненадувачки е тоа што се повеќе жени сметаат дека ултравиолетовите зраци даваат чувство на релаксација. Дури 45% од испитаниците одат на вештачко поцрнување.  За многу од нив ова е практика со години, без да бидат загрижени за последиците за здравјето.

Експертите наведуваат дека ризикот од рак на кожата е многу поголем кај жените над 35 години. Кај нив опасноста од меланом се зголемува со 75 отсто. На годишно ниво,  солариум посетуваат повеќе од 28 милиони луѓе.

Advertisement