Сокот од моркови е богат со витамините А ,Б, Ц, Д, Е, ПП, К, како и со големи количини железо, бакар и кобалт. Една од најдобрите состојки во морковот која е во изобилство е каротинот, кој е индиректно заслужен за добра пигментација, здрава кожа, коса и нокти.

Овој природен сок го освежува организамот и го подобрува имунитетот. Многу помага во намалувањето на килограмите, со што го нормализира варењето на храната и го забрзува процесот на метаболизамот, односно воспоставува хемиска рамнотежа во целиот организам.

Сокот од моркови е одличен во борбата против инфекции!

Сокот од моркови му дава отпорност на организамот, го прочистува црниот дроб и притоа делува позитивно на ендокриниот систем.

Морковот влијае во процесот на заздравување од некои кожни болести, како дерматитисот. Влијае на правилниот раст, го поправа видот и го зајакнува срцето. Тој е природен антидепресив, го отргнува немирот и психичкиот умор.

Сокот од моркови треба да се пие наутро пред доручекот. Доволно е 150 мл свежно цеден морков  и наздравете со една мала чаша за подобро здравје.

loading...
Сподели