Со црна ротква против сува кашлица

rotkvaБилка која се користи како во исхраната така и како народен лек. Има црн топчест крупен корен, а под кората бел, со посебен мирис и лут вкус.

Црната ротква во себе содржи разни сулфурни органски соединенија од кои потекнува мирисот и лутиот вкус на овој зеленчук. Ротквата може да се јаде свежа, посолена, во салати и слично. Исто така и сокот од роквата се користи како свежо исцеден.

Сокот свежо исцеден од ротквата може да се пие против бронхитис, сува кашлица, заболени синуси и друго. Со својата лутина ги стимулира сите варивни органи, предизвикува подобар апетит и ги отстранува тешкотиите поврзани со црниот дроб, жолчката, помага за исфрлање на камен од мочниот меур и бубрегот. Сулфурните соединенија поволно влијаат врз општата циркулација.

Advertisement