Понекогаш секојдневните обврски заморуваат и не е лесно справувањето со нив. За сите обврски да се завршат во текот на денот, потребно е многу енергија,а за да имате енергија , потребно е добро и правилно да се храните.

Храната што ја јадеме и течностите што ги пиеме преставуваат извор на енергија за нашето тело.Организмот ги користи трите битни хранливи материи – јаглехидратите, протеините и мастите и ги претвара во енергија.

Најдобра храна за одржлива енергија

Храната што тешко се вари во дигестивниот систем, всушност, ги преставува сложените јаглехидрати. Консумирањето цели зрна жита богати со влакна, зеленчук, мешунки преставува најдобар начин телото да се снабди со потребното количество енергија.

Високата содржина на влакна во сложените јаглехидрати е резултат на бавната дигестија. Балансот на нивото на шеќерот добро го одржуваат сложените јаглехидрати,па не е многу потребно лачење на инсулин од панкреасот.Исто така, овие јаглехидрати го намалуваат повремениот глад.

Од протеините, што исто така го снабдуваат организамот со енергија, би ги спомнале: пилешкото, свинското месо, рибата, мешункастите плодови (гравот,леќата, грашокот) а од друга страна се мононезаситените и полинезаситените масти што ги има во јаткастото овошје и во авокадото.

Истовремено, нутриционистите советуваат да се внесува големо количество на течности, со цел да се одржува високо ниво на енергија. Нека ви стане пракса да пиете по шест чаши дневно вода.

Храна што треба да ја одбегнувате

Прв чекор во избегнувањто на лоша храна, е избегнувањето на неквалитетни извори на шеќер т.е. колачи, слатки, газирани пијалоци и др. Нивното дневно внесување треба да биде во ограничени количини.  И другите стимуланси, како што е кофеинот, исто така, треба да се избегнуваат, бидејќи дејствува по принципот на простите шеќери.

Распоред на оброците за одржлива енергија

Невнесувањето оброк или ужина повеќе од три часа не е здраво. Се препорачува во просек дневно да се внесуваат три главни оброка и три ужини. Притоа треба да внимавате да воспоставите баланс на внесените продукти во текот на денот.

Сподели