Најголемиот дел од витамините и минералите коишто ги внесуваме во организмот доаѓаат од овошјето и зеленчукот. Па затоа, воопшто не е чудно што постојано се појавуваат истражувања кои докажуваат колку е корисна нивната консумација.

Ново истражување во кое учествувале 700 лица покажа дека редовната консумација на овошје и зеленчук го намалува ризикот од појава на рак на белите дробови. Овој заклучок важел и за пушачите и за непушачите.

Редовната консумација на овошје и зеленчук го намалува ризикот од појава на рак на белите дробови и кај пушачите и кај непушачите.

Друго американско истражување пак покажало дека консумирањето на еден и пол овошен плод или голема лажица со зеленчуци заштитува од појавата на хроничен бронхитис.

Луѓето коишто јадат многу целер имаат за 60% помал ризик од појава на бронхитис во споредба со оние кои јадат многу мало количество.

Овошјето и зеленчукот содржат многу корисни супстанции како алфа-каротини, бета–каротини и ликопен, коишто го заштитуваат телото од многу болести, меѓу кои и многу форми на рак.