Во обидите да симнеме неколку килограми речиси и забораваме дека наместо во ригорозните диети, помошта може да ја најдеме и во мајката природа. Чаевите кои најчесто ги користиме повремено, кога се чувствуваме болни или настинати, можат да ни помогнат и во слабеењето. За разлика од скапите апчиња за брзо слабеење, билките за слабеење се здрави, евтини и поволно делуваат на нашиот организам.

Пробајте ги овие чаеви, кои може лесно да ги најдете на пазарот, и задраво ослободете се од наталожените масти и вишокот килограми.

Чај од глуварче

Го регулира нивото на шеќер во крвта и одличен сојузник е во губење на килограмите. Пијте минимум по три чаши од овој чај дневно и вашиот организам ќе се ослободи од наталожените отрови и масти, а панкреасот и црниот дроб ќе ви бидат благодарни.

Чај од камилица

Често пати спасот од нервозата го наоѓаме во фрижидерот. Така јадеме и тогаш кога во суштина не сме гладни, туку само вознемирени. Кога сте нервозни, наместо во храната, спокојот побарајте го во чај од камилица. Одлично ги смирува нервите доколку се пие пред спиење, навечер. Во текот на денот пак, пијте од овој чај непосредно пред и после секој оброк, бидејќи помага во забрзувањето на варењето на храната и го спречува чувство на глад.

Чај од коприва

Таа е една од најефикасните билки за губење на телесна тежина. Ја поттикнува работата на црниот дроб, па масната храна многу побрзо и полесно се обработува. Дневно треба да пиете по 3 чаши од овој чај (од листови или од корен на коприва).

Од коприва може да направите и вкусна чорба која е вистински терминатор на масните наслаги.

Чај од боровинки

Листовите од боровинка го регулираат шеќерот во крвта. Со чајот од оваа билка значително ќе го забрзате метаболизмот, а со тоа и слабеењето ќе ви оди полесно.

Чај од липа

Во народната медицина чајот од липа се употребува за почесто мокрење. Липата е позната билка за побрзо слабеење. Исушените цветови од липа сомелете ги во прав и од овој прав конзумирајте три пати дневно по една кафена лажичка со чаша вода пред јадење. На тој начин многу помалку ќе јадете, ќе лувствувате ситост во текот на денот, а и храната побрзо ќе се свари во организмот.

Advertisement