Вашето тело нема глас. Тоа ви зборува преку симптомите. Набљудувајќи ја кожата, можете да добиете јасна претстава што се случува во него. Сè што правите и сè што јадете се одразува на изгледот на кожата.

Еден од најголемите стравови на многу жени се брчките. Фините линии на лицето го означуваат крајот на младоста и ниту една жена не посакува да ги има на себе. Во обидите да се преборат со времето, жените користат најразлични козметички продукти и се подложуваат на најразлични козметички процедури, кои најчесто даваат минимални резултати.

Храната е еден од најдобрите, најздравите и најбезбедните начини да се борите против брчките

Но, сите забораваат дека еден од најдобрите, најздравите и најбезбедните начини за борба против брчките е храната. Таа не може да ја избрише штетата што ја прават сонцето или цигарите врз вашата кожа, но докажано може да помогне да изгледате неколку години помлади.

Еве која храна ќе ви помогне да ги излажете луѓето за својата возраст:

  • Риба и омега-3 масни киселини. Лососот, скушата и другите мрсни риби се богати со омега-3 масни киселини кои прават чуда за вашата кожа. Истражувањата покажале дека редовната консумација на омега-3 масни киселини го намалува ризикот од стареење на кожата со 25%. Уште и оревите, маслото од канола и лененото семе се одличен извор на омега-3 масни киселини.
  • Овошја и зеленчуци богати со витамин Ц. Британски научници, набљудувајќи ги навиките за хранење на над 4000 средовечни жени, откриле дека редовната консумација на храна богата со витамин Ц го намалува ризикот од појава на брчки со 36%. Боровинките се одличен извор на витамин Ц и антиоксиданси и често се прогласувани за најдобри сојузници во борбата со знаците на старост. Затоа, вклучете боровинки или сок од портокал во појадокот, свежи црвени пиперки во ручекот и брокули во вашата вечера.
  • Домати. Доматите се одличен извор на витамин Ц, но и на супстанцијата ликопен, којашто претставува природен заштитник од рак. Ликопенот го намалува оштетувањето на клетките на кожата и го намалува црвенилото. За најдобро да го апсорбирате ликопенот од доматите, консумирајте ги доматите со маслиново масло.
  • Маслиново масло. Маслиновото масло е богат извор на олеинска киселина. Таа е една од масните киселини кои ја прават кожата еластична. Маслиновото масло содржи и други есенцијални масни киселини коишто се борат против воспаленијата во телото, а витаминот Е и полифенолите кои се наоѓаат во него ја заштитуваат кожата од штетното дејство на слободните радикали.
  • Јаткасти плодови. Многу јаткасти плодови содржат омега-3 масни киселини. Најчесто овие масни киселини се наоѓаат во рибата, но јаткастите плодови се најдобар нивен растителен извор. Освен тоа, јаткастите плодови содржат и витамин Е, а докажано го намалуваат и нивото на „лош“ холестерол.
  • Зелен чај. Зелениот чај е високо на листата на храна којашто го помага убавиот изглед на кожата. Пијте 4 чаши зелен чај дневно. Доколку сте чувствителни на кофеин, последната чаша испијте ја пред 15 часот попладне.

Дополнителни совети:

  • Наместо кафе, пијте какао. Голем број експерти сметаат дека кафето придонесува за појавата на брчки, затоа што го зголемува нивото на хормоните на стресот, адреналин и норадреналин. Од друга страна, истражувањата покажале дека антиоксидансите кои ги има во какаото ја заштитуваат кожата од штетното влијание на сонцето и ја подобруваат циркулацијата до клетките на кожата.
  • Намалете ја консумацијата на шеќер и бел леб. Јаглехидратите го зголемуваат ризикот од појава на брчки. Зголемувањето на дневната консумација на јаглехидрати со 50 грама го зголемува ризикот од појава на брчки со 28%, покажале британски истражувања.

Преку консумација на соодветна храна и на доволно количество вода и чаеви можете да го вратите времето наназад и да изгледате 10 години помлади. Време е да започнете.

loading...
Сподели