Со моите две бебиња постојано сум активна, подобра вежба од тоа нема

Анкица Стојановска – Митровска е една од најпознатите македонски водителки, кој уште од мали нозе успешно чекори по скалите на славата. Таа работи во забавната емисија на телевизија Алфа веќе неколку години. Нејзината кариера почна многу одамна и ден денес, таа е омилено тв-лице на својата верна публика. Стојановска пред еден месец стана мајка на двете близначиња Ива и Марко, кои внесоа голема радост во нивниот дом.

Таа своето слободно време го поминува со своите две дечиња, на кои е целосно посветена. Со неа разговаравме на тема, како се грижи таа за своето здравје, што најчесто јаде, дали вежба…?

slika 21. Може ли да ни кажете како го одржувате вашето здравје?

Стојановска-Митровска: Не постои некој посебен режим на исхрана кога станува збор за оброците, или некој режим за спортски активности. Немам некои посебни термини кога треба да појадувам, ручам или вечерам, кога ужини и лимит колку течности во денот да испијам. Ги следам потребите на своето тело и така функционирам. Единствени  правила кои ги почитувам е наутро денот да ми започне со овошје, и два часа после јадење да не пијам вода. Јадам скоро се, особено готвените јадења ми се најомилени, ја почитувам нашата традиционална кујна.

2. Што најчесто се храните и кое ви е омилено јадење?

Стојановска-Митровска: Во овој период од годината обожувам да јадам леб со намаз, сирење и домат. Обожувам палента со јогурт или пак, кисело млеко или јогурт со 4 видови на семки и овесни снегулки. Омилени ми се свежите салати, домашно приготвените јадења како и пастите. Обожувам рижото со пилешко, морски плодови, или рижото со печурки. Задолжително еднаш до два пати во неделата вклучувам и  риба.

3. На кој начин ја одржувате вашата линија?

Стојановска-Митровска: Немам некој посебен начин или метод, но и не спортувам. Јадам секогаш кога ќе ми се пријаде. Гледам да не биде многу количински и јадам почесто. Задолжително наутро денот го започнувам со овошје, ручекот секогаш е во комбинација со салата и ноќните оброци се лесни и до 20 часот.

4. Дали вежбате и што најчесто?slika 1

Стојановска-Митровска: Обврските кон бебињата ми се најдобрата вежба. Во текот на целиот ден сум активна со нив, а понекогаш и во ноќта кога имаат грчеви. Во моментов  не вежбам, но и се уште е рано бидејки неодамна се породив. Со Марко и Ива постојано сум активна, подобра вежба која е претворена во огромно задоволство и нема.

5. Сметате ли дека диетите придонесуваат за намалување на тежината или тоа го прави здравиот начин на живот?

Стојановска-Митровска: Секој различно го сфаќа терминот диета. Јас сум поборник на строги диети, јадење мерење во грамови, гладување до следниот оброк, кој пак, треба да содржи печен двопек, чај и парче сирење и сл. Можеби со таквите видливо ќе се намали тежината, но штетни се по здравјето на оние кои ги практикуваат. Наспроти тоа, го почитувам режимот или консултациите со нутриционистите кои советуваат за здрав начин на исхрана. Резултатот со намалување на телесната тежина ќе биде видлив можеби по неколку месеци, но резултатот по виталноста, големото количество на енергија, како и подобрената крвна слика се главните индикатори за она што му е потребно на телото.

6. Како би ги советувале младите генерации да се грижат за нивното здравје?

Стојановска-Митровска: Ме радува што многу млади веќе стануваат свесни за значењето на оброците, кои се богати со овошје и зеленчук. Се радувам што се одлучуваат за спорт и во таа насока ќе треба и понатаму да се движат. Нема потреба од моите совети кога живееме во општество, каде сите информации за здравиот начин на живот се достапни. Би ги советувала родителите да ги мотивираат децата да спортуваат, како и здраво да се хранат.

slika 27. Од што се состои еден ваш дневен оброк?

Стојановска-Митровска: Како што и напоменав, наутро конзумирам задолжително овошје, за ручек преферирам да е готвена храна со големо количество на свежа салата и навечер некој лесен оброк. Одбегнувам леб, но има и некои јадења, кои мора да се комбинираат со леб. Јогуртот и киселото млеко, исто така ги конзумирам секојдневно.

8. Како се грижите за здравјето на вашите деца? 

Стојановска-Митровска: Мислите за здравјето на моите бебиња? Бидејки Марко и Ива се многу мали, немаат ни еден месец откако дојдоа на овој свет, тие се хранат со најдоброто млеко, мајчиното. Бев многу упорна за да го зачувам млекото и сум среќна што и двајцата растат со мајчино млеко. За квалитетот на млекото, задолжително секое утро пијам комбинација од 5 јајца од препелица со банана, модра слива и јаболко изблендирани со вода, задолжително една лажица масло од лененово семе, како и салати со поголемо количество кромид.

Scroll To Top