Со боровинки против стареење

Боровинките се богати со витамин Ц, биофлавоноиди, железо, калиум, фолна киселина и калциум.

Благодарение на нивните хранливи својства, редовното консумирање на боровинките може да помогне за подобрување на меморијата кај постарите лица, процесот на учење кај младите, да го намали шеќерот во крвта, олеснување на депресијата и да го успори процесот на стареење.

Индијците ги нарекувале “Ѕвездени Бобинки” и се верува дека биле создадени од страна на “Големиот Дух за да го нахрани гладните деца”. Многу се корисни во исхраната, затоа што се богати со антиоксиданси. Тие не само што се корисни за подмладување, туку го чуваат и целокупното здравје.

Боровинката, исто така е многу важна и корисна за видот, а најчесто се користи и при анемија. Се смета дека, таа е едно од најкорисното овошје за здрав вид кај човекот.

Scroll To Top