kТрајна зелјаста билка, висока 80-120 см. Мириса изразито силно и пријатно. Потекнува од земјите околу источниот дел на Средоземјето, а кај нас се одгледува како декоративна билка. Во народната медицина се употребуваат луковицата, листот и цветот. Во сите органи има слуз. Слузавата луковица се вари во вода или млеко и во облик на каша се става на воспалителните места за да ја намали болката. Цветот се држи 3 дена во комова ракија и со тоа се испираат раните и посекотините. Цветот варен во масло се уптрбува за лекување на красти и воспаленија на носот и ушите, поретко и за изгореници, измрзнатини и повреди.

Сподели