Смути од банана и овесна каша за здрав појадок

Смути со банана и овесна каша е одличен избор за појадок бидејќи ќе ве засити и ќе ви даде енергија во текот на целиот ден.

Состојки:

  • 2 банани
  • 100 гр овесна каша
  • 70 гр бадеми
  • 100 мл бадемово млеко или вода

Подготовка:

Измешајте овесна каша и млеко и оставете да омекнат преку ноќ.

Следното утро исечете ги бананите и бадемите со нож. Заедно со овесната каша ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте.

Advertisement