Смирете го вашето бебе со помош на килибарно ѓерданче

Многу од бебињата кога ќе се родат постојано плачат, се лутат, а најголем проблем настанува кога ќе почнат да им растат првите запчиња. Затоа постои едно решение, а тоа се килибарните ѓерданчиња што можат да се најдат во дел од аптеките.

Природниот ќилибар е фосилна смола од праисториските дрвја кои растеле пред 50 милиони години, пред се во Скандинавија и околу Балтичкото море. Генерално е прифатено дека Балтичкиот ќилибар е најквалитетен и со најголема чистина на светот.

Килибарот е природен аналгетик и во допир со кожата ослободува лековити масла кои им помагаат на бебињата при никнувањето на запчињата и генерално го зајакнуваат нивниот имунитет.

Од моментот кога на бебињата почнуваат да им растат запчиња, процесот може да биде многу болен. Постојат разни средства кои служат за да ја намалат болката кај бебињата, а еден од најефикасните и најстарите начини е Килибарното герданче, кое ја намалува болката и го смирува бебето. Тие преставуваат природен и традиционален Европски начин на помагало за полесно никнување на првите запчиња. Проблемите со запчињата често траат и подолго од две години и никогаш не е доцна, за детето да почне да ги носи.

Advertisement