Љупчо Бојановиќ, наставник по професија, 58 год. од с. Звегор – Делчево, боледува од ALS- “Амиотрофична Латерална Склероза”, позната како “Болест на Лу Гериг” или “Болест на Стивен Хокинг”.

Болеста е летална со прогресивна парализа до тотална загуба на секакви движечки функции и на крај парализа на дишната мускулатура – причината за летален исход кај заболените. Сеуште нема откриено лек за ова заболување.

Потребни се средства за третман со матични клетки, процедура која го забавува прогресот на заболувањето и одложување на целосната парализа, со што би му се овозможило на Љупчо достоинствен пензионерски живот и самостојно обавување на најосновните секојдневни обврски.

Медицинската процедура изнесува 25.000 евра и ќе биде извршена во Москва – Русија, доколку бидат соберени средствата. Благодарност до сите хумани луѓе, кои би одвоиле за да допринесат за овозможување на ова лекување.

„Добриот наставник е како свеќа – се троши самиот себе за да го осветли патот на другите.“

Да му вратиме на добриот човек со добро.

Телефонски број за донации преку мрежата на A1 (ВИП): 143-462,

Жиро сметка: IBAN:MK072401677002098087 BIC/SWIFT: UIBMMK22 Унибанка, Љупчо Бојановиќ;

Можете да донирате и преку следниот ЛИНК

Донирајте брзо и едноставно од Вашите телефони преку мобилната апликација Донации за Android и IOS.

Сподели