Сирупот Ефералган повлечен од продажба

ефералган

Сирупот „Ефералган“, кој се користи за намалување на температурата кај децата од вчера е повлечен од продажба во Македонија. Овој лек е повлечен заради мерки на претпазливост, по барање на францускиот произведувач. Нивното барање следува откако се откриени мали пластични честички во опремата на пакување на производот.

Од Агенцијата за лекови соопштуваат дека нема простор за паника, бидејќи не станува збор за промена на квлитетот на лекот и одлуката за негово повлекување е доброволна, од страна на производителот од пазарот во сите земји до ниво на аптека, а не до ниво на пациент.

Досега се повлечени над 1200 сирупи.

Извор: Телма

Scroll To Top