Сируп од бозел: Домашен сок со препознатлив вкус кој асоцира на пролет, направен по старински рецепт!

Бозелот е пролетно растение, чиј мирис и арома нè тера да го складираме и за наредните месеци. Кога бозелот е во полн цут дефинитивно е време да го складираме тој прекрасен мирис и арома за наредните месеци.

Ви подготвивме прекрасен рецепт за домашен сируп за сите да уживаат, дефинитивно ќе сакате да го пробате!

Бозеловите цветови се берат на сончево време и тоа само оние кои се потполно расцветани со жолт сладов прав. Внимавајте каде го берете бозелот, загадените места и каналите во никој случај не се добра опција, па затоа обидете се да пронајдете некоја изолирана грмушка од оваа мирисна и лековита мајска убавица.

Ова е мерка од околу 4литри сируп, затоа ако сакате повеќе или помалку потребно е да ја прилагодите количината на вашите потреби. Ова значи дека за 10 цветови ќе користите еден литар вода, еден килограм шеќер и еден лимон, односно за 100 цветови ќе ви требаат 10 литри вода, 10 килограми шеќер и 10 лимони, по можност непрскани.

Исто така, ќе ви требаат поголеми садови, како и чисти подготвени стаклени шишиња за складирање. Што се однесува до полесните варијанти со помалку шеќер, имајте предвид дека шеќерот е природен конзерванс и дека со намалувањето на неговата количина при подготовката ризикувате од подоцнежна расипливост на сирупот, и краток рок на трајност.

Состојки за бозелов сируп:

  • 30 цветови од бозел
  • 3 л вода
  • 4 бр. лимонска киселина
  • 3 лимони
  • 3 кг шеќер

Подготовка:

1. Потопете ги цветовите од бозел во вода заедно со лимонската киселина, додадете го лимонот исецкан на парчиња со кора. Добро измешајте и оставете да отстои на ладно и темно место 24 часа.

2. Прецедете ја течноста следниот ден, а потоа додадете го шеќерот и добро измешајте. Оставете да отстои уште 24 часа, со повремено мешање.

3. По 48 часа, сирупот е спремен за складирање во стаклените шишиња. На овој начин можете да го чувате сирупот од бозел и до една година на ладно и темно место.

Advertisement