За здрави бели дробови и силен имунитет направете сируп од борови иглички. Тој е одличен при воспаление на белите дробови, при проблеми со дишните патишта или бронхит. Го подобрува имунитетот и штити од настинка и грип.

Како да го подготвите? Прочитајте во текстот што следува…

Што е потребно?

За да го подготвите овој сируп потребно е да наберете свежи светло зелени иглички од бор. Количината одредете ја вие самите во зависност од тоа колкава тегла сакате да подготвите. Освен игличките потребна е и една тегла свеж домашен мед.

Како се подготвува?

Најпрво измијте ги добро игличките, а потоа ставете ги на чиста крпа да се исушат. На крпата најдобро е да отстојат околу 24 часа, а потоа да започнете со подготовка.

Земете една стаклена тегла и започнете да редите еден ред иглички па тенок слој мед одозгора, па повторно ред иглички и мед одозгора и така повторувајќи се додека не дојдете 3-4см пред врвот на теглата. Последниот ред нека заврши со тенок слој на мед.

Теглата добро затворете ја и оставете ја на топло место. Смесата е потребно да стои 40 дена во теглата, а притоа секојдневно истата добро треба да се протресува. По 40-тиот ден отворете ја теглата и процедете ја смесата. Ќе добиете здрав сируп од борови иглички кој е потребно да се чува во ладилник бидејќи нема голем рок на траење.

Сирупот можете да го користите така што ќе земате по неколку лажички дневно на одредено растојание.

Важно! Овој рецепт е познат и со бел шеќер каде што наместо мед се додава бел шеќер, така има поголем рок на траење. Но, голема количина на бел шеќер не е здрав за организмот, затоа ние ве советуваме да користите мед, како што наведовме во рецептот погоре.