При мозочен удар, секоја брза реакција е многу важна. Затоа, доколку осетите дека ќе дојде до мозочен удар, веднаш да повикате брза помош.Обратете внимание на следниве симптоми:

  • Изговорете нешто: изговорете цела реченица. Ако зборувате неразбирливо, речиси сигурно е дека ќе дојде до мозочен удар.
  • Насмејте се: кога ќе се насмеете , ако мускулите од едната страна се толку опуштени што висат, тоа е знак дека нешто не е во ред.Веднаш повикајте брза помош.
  • Подигнете ги рацете пред себе: ако едната рака не можете да ја задржите на исто ниво, односно ако падне, повикајте брза помош.
  • Проблем кој укажува на тешкотии на одржување на рамнотежата, вртоглавица, слабост во една половина од телото, но и замаглаен вид и главоболка.
  • Важно: Наведените симптоми може да се појават 48 часа пред да дојде до ударот. Дури и ако траат кратко, веднаш јавете се на доктор. Кога се работи за прва помош, тој што ги има наброените симптоми, веднаш положете го настрана, покријте го да му биде топло и во никој случај не му давајте храна или пак нешто да пие.
Сподели