Честопати, миомот на матката се образува додека жената е во репродуктивна возраст, при што истиот започнува се манифестира со следните симптоми.

Станува збор за симптоми кон кои жените треба да бидат многу претпазливи, односно на истите да обратат големо внимание и доколку ги забележат, веднаш да посетат специјалист.

Миомот на матката најчесто се манифестира преку симптоми како нередовен менструален циклус, намалување на периодот меѓу две менструации, обилно крварење или сосема спротивнотo, ненадејни остри болки во долниот дел од стомакот, зголемување на стомакот во зависност од големината на туморот, понекогаш отежнатост и болки при уринирање, слабост, бледа кожа, зашеметеност, шум во ушите, затемнување на видот, невозможност за забременување.

Многу често, време на настапување на менопаузата, миомот регресира и исчезнува самостојно. Тоа, се подразбира, е позитивен ефект, кој се должни на намаленото количество на хормони, кои подоцна започнуваат намалено да се произведуваат.

Но, постои и друг резултат, а тоа е миомот да започне да расте побрзо, а истиот е окарактеризиран како подмолен, бидејќи неговото присуство жените ретко може да го забележат и да го почувствуваат, бидејќи симптомите со кои вообичаено се манифестира се слаби, при што само специјалист- гинеколог може да ја открие промената во големината или карактерот на новото образување.

При таквата состојба, клетките започнуваат брзо да се делат, туморот да се зголемува и се забележува забрзан раст.

Доколку за време на менопауза почувствувате тапи болки, ниско во стомакот и невообичаени крварења на матката, пропратени со непријатна миризба, веднаш консултирајте се со вашиот лекар.

Туморот е релативно мал по големина, затоа може да помине долго време пред истиот да почне да се манифестира. Со самото тоа, многу тешко е да се открие миом за време на менопауза, бидејќи се појавува преку кратки епизодни симптоми: Остра болка долу ниско во стомакот, која продолжува низ слабинските мускули, ‘рбетот и нозете. Болката може да биде тапа или со чувство на притискање и затегнатост.

Вториот симптом за време на менопауза се крварењата на матката. Тие се прозрачни, жолтеникави, зелени или цревни по боја, често со непријатен мирис. Таква состојба бара итна хируршка интервенција.

Фактори кои може да бидат причината за развој на миом за време на менопауза:

  • Чести стресови
  • Дебелина
  • Доцна прва бременост или воопшто нераѓање во текот на животот
  • Рано започната менструација
  • Припадност на негроидната раса

Миомот често се појавува во период на менопауза кај жени кои се соочиле со воспалителни инфекциски гинеколошки заболувања, правеле неколку абортуси и примале орални контрацептивни средства, без претходна лекарска консултација.

Кај жените со миом на матката, менопаузата започнува 1-2 години подоцна од предвиденото. Тие започнуваат да го чувствуваат згаснувањето на репродуктивната функција на многу поостар начин, независно од регресот на туморот. Жените страдаат од флуктуации при крвниот притисок, се појавуваат симптоми на остеопороза и започнуваат пречести промени во расположението.

Доколку за време на менопауза, миомот на ја намалува својата големина и наместо да регресира, тој прогресира, потребно е жената да посети онколог. По лекарскиот преглед, пациентката ќе биде поставена на набљудување, за да се следи состојбата на туморот и соодветно со тоа, се постапува со потребната терапија.