Симптоми кои покажуваат дека нешто се случува во организмот

ste bolesni

Без разлика што малигните болести се јавуваат тивко и подмукло, сепак постојат некои знаци, дека во организмот нешто се случува. Вакви опомени даваат стручњаците, кои даваат некои насоки, за веднаш да посетите лекар

СЛАБЕЕЊЕ

Ако почнете да слабеете одеднаш и без некоја посебна причина (диети, вежбање), тогаш треба да знаете дека во вашиот организам се случува нешто необично и веднаш треба да посетите лекар.

ПОКАЧЕНА ТЕМПЕРАТУРА

Доколку температурата на телото ви е стално покачена, тогаш треба да знаете дека имате некој голем проблем. При константна температура, лекарите веднаш би се посомневале на рак на лимфите или леукемија.

БОЛКИ

Доколку подолго време не престануваат болките, тоа може да биде знак на малигно заболување. Чести главоболки, можат да бидат знак за карцином на мозокот, а болки во грбот, знак за карцином на дебелото црево и јајниците.

КАШЛАЊЕ И ЗАЛИПНАТОСТ

Ова е обично  знак дека, имате проблем со алергии, меѓутоа не можете да го игнорирате, бидејќи кашлањето може да биде и знак дека имате карцином на плуќата или грлото.

ЧВОРОВИ ПО ТЕЛОТО

Доколку се појават на градите, тестисите и лимфните жлезди , веднаш да отидете на лекар. Не треба да се плашите од чворовите на рацете или нозете, бидејќи тоа најчесто се безопасни лојни жлезди.

НЕОБИЧНИ КРВАРЕЊА

Исто така, е знак на карцином. Искашлување на крв е знак за карцином на плуќата. Крв во столицата – нешто се случува со дебелото црево, а крв во урината е симптом на рак на простатата. Често вагинално крварење  – рак на матката, а крвави исцедоци од градата, рак на градите.

 

Scroll To Top