Оваа диета ќе ви помогне да се ослободите од вишокот токсини во телото и ќе се чувствувате поенергично. Со придржување до правилата, за два месеци треба да симнете дури 23 килограми. Погледнете на што треба да внимавате.

ПРАВИЛА:

2 литри сок од грејпфрут – СЕКОЈ ДЕН

Се пијат по 8 чаши свежо цеден сок од грејпфрут т.е. 250 мл по 8 чаши, или вкупно 2 литри сок дневно. Сокот од грејпфрут е неопходен бидејќи делува како катализатор кој го забрзува процесот на согорување на калориите и разградувањето на масното депо. Не се додава ни пак се намалува количеството на сокот.

Кафе – НЕ, БЛАГОДАРАМ

Кафето се исклучува од вашето мени бидејќи се одразува на балансот на инсулин што пречи на процесот на согорување калории.

Забранета храна:

  • Бело брашно и неговите продукти,
  • Шеќер , десерти, грицки, торти, чоколади, апсолутно се што содржи шеќер,
  • Пржена храна,
  • Сол (дозволено е само во ограничени количини),

Менито си го составувате вие самите.

ПОЈАДОК

Наутро за појадок можете да изберете една од следниве намирници кои најдобро е секојдневно да ги менувате:

  • 2 варени јајца со парче препечен црн леб,
  • Парче препечен црн леб со парче сирење со ниска масленост (50 гр),
  • Житарици, а најдобро е да изберете овесни јатки со јогурт,
  • Парче црн леб со путер или маргарин,
  • 100 гр урда со парче диетален леб,
  • Шејк од млеко и банана,
  • Овошна салата од јаболко, портокал и киви,
  • Чаша млеко со лажичка мед и 2-3 бисквити.

Пред да почнете со појадокот треба ја испиете првата чаша сок од грејпфрут на празен стомак.

РУЧЕК

Ручекот се состои од парче месо и салата. Месото не смее да биде пржено. Дозволено е бело пилешко, мисиркино или риба кои да бидат варени или печени. Не повеќе од 200 гр.

Задолжително покрај месото на вашето мени треба да додадете свежа сенонска салата. Најдобриот избор е да биде мешана салата, со цел да конзумирате што повеќе видови зеленчук. Салатата зачинете ја со соја сос наместо сол и лажичка маслиново масло, ленено масло или масло од гроздови семки.

ВЕЧЕРА

За вечера изберете зеленчук на пареа и гледајте да не биде секој ден исто. Ако чувствувате глад, кон порцијата зеленчук можете да додадете половина печен компир. Пред легнување се пие чаша сок од грејпфрут.

НАПОМЕНА: Пред секој оброк се пие чаша сок од грејпфрут. Останатите 5 чаши се распределуваат во текот на денот кога ќе почувствувате жед или глад. Освен сокот треба да конзумирате и други течнести односно вода и зелен чај. Сите други сокови, алкохолни пијалоци, газирани и слично се забранети.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО: Секојдневно пешачење по 30 минути.

 

Advertisement