Тоа е чувство кое едноставно не може да се опише со зборови. Некогаш боли, а некогаш и пречи затоа што се чини дека бебињата стануваат особено активни токму тогаш кога мајката сака малку мир и сон, но едно е сигурно – секоја мајка го сака баш секој удар.

Колку е нормално бебето да мрда, дали е подобро бебето да е поактивно или не? Има ли тоа воопшто некоја важност? Ако ги прашате трудниицте дали знаат зошто нивните мали бебиња толкку силно ги удираат од стомакот и дали тоа им пречи, повеќето веројатно ќе ви кажат дека не им пречи и дека станува збор за тоа дека бебето едноставно си прави место во своето мало опкружување.

Како и да е, секоја мајка го сака секој удар однатре на своето бебе, од оној првиот кој изгледа како трепет на пеперутка до последниот пред да излезе затоа што сите тие значат само едно – бебето е живо. И секоја мајка е тогаш иста – кога ќе почувствува движење во стомакот – насмеана, а кога бебето спие малку подолго внатре – почнува благо да паничи.

Оттаму произлегуваат многу прашања. Колку е нормално бебето да мрда, дали е подобро бебето да е активно или не, има ли воопшто некоја важност бројот на ударите, дали бебето нешто порачува со секој свој силен удар?

Еве неколку интересни факти на оваа тема:

  • Зачестените ударци значат дека е вашето бебе здраво и дека нормално се развива.
  • Бебето реагира на надворешните дразби, особено на звуци.
  • Повеќе удира кога лежите на левиот колк и тоа затоа што во таа поза бебето автоматски добива малку повеќе крв а тоа автоматски поттикнува на поголема активност.
  • Активноста се зголемува кога мајката добро ќе се најаде – тогаш и бебето е добро најадено.
  • Бебињата мрдаат многу порано отколку што мајката може да го почувствува тоа. Обично велат дека првите движења се после 13.недела, но своите први активни движења бебињата ги прават уште со девет недели.
  • Намалената активност е причина за грижа. Некои бебиња се помалку активни, но сите би требало доста да удираат однатре. Затоа ако бебето било вообичаено активно, а потоа наеднаш покажува намалена активност – тоа може да биде причина за загриженост затоа што покажува некое отстапување во развојот и воопшто во здравствениот статус на фетусот.

Најголема грижа мајките чувствуваат пред крај на бременоста, но мора да знаете дека активноста на бебето често се намалува после 36.недела од бременоста, со оглед на тоа што бебето тогаш навистина нема доволно простор за „спорт“.

Advertisement