Што треба да знае секој татко кој има ќерка?

Познато е дека ќерките им се слабост на татковците. Токму затоа, тие се плашат да не постапат погрешно кога станува збор за воспитувањето на нивната ќерка.

Ќерката треба да се чувствува сакана

На ќерката е потребно да ѝ покажете дека ја сакате, а тоа е многу поважно од сѐ што ќе ѝ купите. Многу е тешко да се разбере спецфичниот однос помеѓу татко и ќерка, можеби таа ќе прави грешки, ќе се лути и ќе ве нервира, но никогаш не заборавајте да ја потсетите колку е посебна и колку ви е важна.

Од вас зависи нејзиниот избор на животен сопатник

Можеби звучи страшно, но во голем број случаи од таткото зависи каков сопруг ќе избере ќерката. Без разлика дали постапувате правилно или не, вие сте нејзиниот идеал на маж и пример за тоа каков треба да биде нејзиниот иден животен сопатник.

Слушајте ја музиката која таа ја слуша

Ќерките сакаат модерни татковци кои ја слушаат истата музика како и тие самите. Кога сте заедно, пуштете ги нејзините омиелни песни. Верувајте, ќе ѝ го разубавите денот.

Внимателно го следи односот на двајцата родители

Вашата ќерка го набљудува односот кој го имате со нејзината мајка. Колку и да имате обврски, приоритет нека ви биде сопругата. Пред својата ќерка покажете колку ви значи, колку ја сакате и колку е убава нејзината мајка.

Бидете до неа додека расте

Кога се наоѓа во период на тинејџерство, не се оддалечувајте од неа, дури и кога ви се чини дека таа самата сака. Во тој период девојчињата поминуваат низ еден поинаков емотивен период и период на физички промени, а вие покажете ѝ дека ве интересира сѐ што ѝ се случува.

Создавајте спомени

Прославувајте ги нејзините родендени, гледајте филмови, излезете на кафе појадувајте заедно, шетајте, летувајте…

Бидете присутни на важните настани

Многу пати сте биле попречени да приуствувате на некој важен настан. Потрудете се најдете замена на работа кога таа има натпревар, претстава и слично.

Излегувајте заедно

Барем еднаш во месецот излезете заедно. Одете на вечера или во кино, само вие двајца. Нема потреба да биде нешто ексклузивно, важно е вашето внимание.

Научете ја дека таа е многу повеќе од нејзиниот надворешен изглед

Кога еден ваков совет дојде од најважниот маж во нејзиниот живот, таа ќе го сфати сериозно. Од време на време давајте ѝ комплименти за нејзините способности, за нејзината интелигенција, добрина…

Денес жените се изложени на сѐ поголем притисок, па затоа ваша задача е да ја пораснете во силна жена која ќе има храброст да се справи со секој нов ден.

Advertisement