Денес во светот, еден од шест парови има проблем со постигнување на бременост. Проблемот во 20 отсто од случаите е лошиот квалитет на сперматозоидите, а тоа често се поврзува со недостиг на цинк и витамини.

Од таа причина треба да вклучите повеќе намирници кои ги содржат овие материи, а еве кои се тие:

Семки од тиква

Семките од тиква се добар извор на цинк, омега-3 масни киселини, бакар и витамин К, а како важна компонента тие поседуваат антивоспалителни својства кои го штитат телото од рак, артритис и остеопороза. Омега-3 масните киселини го зголемуваат протокот на крв до половите органи.

Калинка

Сокот од калинка ја подобрува ерективната функција и го подобрува квалитетот на спермата. Резултатите од едно истражување покажале дека мажите и жените кои секојдевно консумирале една чаша сок од калинка имале зголемено ниво на тестостерон во организмот, кој ја зголемува сексуалната желба. Во резултатите од истражувањето спроведено на универзитетот од Единбург стои дека љубителите на овој црвен напиток имаат од 16 до 30 отсто поголемо ниво на тестостерон за разлика од лицата кои не го консумирале истиот.

Остриги

Остригите се исклучително богати со цинк, кој се препорачува во лечење на машката неплодност бидејќи е важен елемент за производство на квалитетни сперматозоиди.

Лук

Лукот делува како природен афродизијак и го зголемува производството на сперматозоиди. Тој содржи состојка наречена алицин која ја зголемува издржливоста на спермата и ја подобрува циркулацијата на крвта. Селенот кој е присутен во лукот исто така придонесува кон поквалитетна сперма.

Зелен чај

Едно истражување од 2012 година, објавено во научното списание “Molecular Nutrition and Food Research” покажало дека мала доза на состојката наречена епигалокатехин галат (EGCG) која е присутна во зелениот чај ги неутрализира слободните радикали во организмот и со тоа ја зголемува плодноста.

loading...
Сподели