Честопати погрешно мислиме дека поголемиот број на жени во сексот ги бараат истите работи како и мажите. Голем број списанија сугерираат дека жените не само што имаат еднаков критериум за секс како и мажите, туку имаат и еднакви сексуални пориви.

Научниците извлекле два важни заклучоци:

Женската мотивација за секс денес не е различна од пред неколку илјади години.  Скоро секое истражување покажало дека способната деловна жена, жената која е домаќинка и ги чува децата, низ годините имаат потполно исти критериуми за проценка на тоа што всушност е добар секс.

Сексуалниот нагон на жените во 21 век не е посилен од оној на нивните предци. Единствената работа која е променета е тоа што сексот денес е отворена тема за дебата и е изложен на сите медиуми. На врвот на листата на жените е наоѓањето на вистински партнер кој има средства или е способен да ги има, т.е. направи тие средства.

Еве ги петте најважни работи кои жените ги бараат од мажите пред да се согласат на сексуални односи:

  1. Да се чувствуваат привлечно и посебно.
  2. Да се чувствуваат сакано и заштитено.
  3. Да бидат „мазени“ и да им биде угодено.
  4. Да бидат допирани, гушкани и бакнувани.
  5. Да разговараат со партнерот за нејзините чувства.

А еве ги, за споредба, петте работи кои повеќето мажи ги бараат од жените:

  1. Почесто да се расположени за секс.
  2. Повеќе спонтан секс.
  3. Почесто да иницираат секс и да бидат покреативни во креветот.
  4. Да не им набиваат грижа на совест поради неговите сексуални потреби.
  5. Да разбираат дека го мотивираат визуелни сигнали, како што е провокативна долна облека.

Жената сака сексот да започне бавно! 

Жената всушност не го користи зборот секс, туку сака да води љубов или да спие со некого. По водењето љубов сака да зборува за своите чувства, што најчесто не е можно бидејќи тој веќе заспал.

Овие две листи ни зборуваат дека жените најпрво сакаат повеќебројни емоционални влогови, додека мажите сакаат секс без обврски и набрзина. Кога ќе го сфатите и прифатите фактот дека женскиот и машкиот мозок работат на различни принципи, дека секој од нив има различен поглед на сексот и љубовта, тогаш можете да го промените Вашиот пристап кон сексот и наскоро ќе бидете одлични во креветот.

Идеалниот сексуален живот е оној во кој партнерот сите негативни размислувања за потребите на другиот партнер ги задржува за себе и наместо да „мрчи“, ги исполнува тие потреби. Нашите сексуални потреби не се ниту подобри, ниту полоши, туку едноставно… различни.

loading...
Сподели