Се користи за лечење на бронхит, за прочистување на белите дробови, за сува и продуктивна кашлица, болно грло, а особено е добар за пушачите.

– 1 тегла мед
– 1 тегла сусамов таан

Состојките се мешаат се додека смесата не се хомогенизира, смесата се чува во убаво затворена тегла на собна температура. Се конзумира по една супена лажица насабајле и навечер. Вкусот е ист како на алвата.

Ефектот од таанот е видлив после 1 недела. Сусамот во таанот има омега 3 масни киселини, минерали и помага и кај хиперсекреција на желудочна киселина, чир на желудник и слично.