Крвта ви дава живот. Таа го храни организмот со кислород, хранливи материи и состојки, кои се борат против инфекциите. Но, исто така, може да донесе и до некои здравствени проблеми, како што се анемијата, згрутчувањето на крвта и модринките.

– АНЕМИЈА

Ако страдате од анемија, тогаш вашите црвени крвни клетки, во ткивото не носат соодветна количина на кислород . Тоа е обично предизвикано од недостаток на железо во телото,  што ќе го отежне производството на црвените крвни зрнца. Благата анемија е многу честа кај бремените жени, бидејќи волуменот на крвта се зголемува за 20 до 30 проценти . Постојат различни форми на анемија, како што се недостатокот на витамини во организмот и неможноста на дигестивниот систем да г0 апсорбира витаминот Б12.

– КАКО ЌЕ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ?

Ќе се чувствувате како со денови, да не сте спиеле. Постојано ќе бидете уморни.  Ќе се чувствувате како да останувате без воздух и ќе ви се врти без некоја посебна причина.

– ЗГРУТЧУВАЊЕ НА КРВТА

Коагулацијата на крвта е потребна за да се запре крварењето. Но, понекогаш згрутчувањето на крвта настанува без некоја посебна причина.  Ако тромбот се формира длабоко во вашето тело, тоа може да предизвика состојба позната како длабока венска тромбоза. Потоа почнува да патува до белите дробови, со што и вашиот живот е во опасност. Зголемен ризик од згрутчување на крвта има кај бремените жени, жени кои земаат хормонски апчиња, пушачи, луѓе со прекумерна тежина и луѓе кои поголемиот дел од своето време го поминуваат во седење.

– КАКО ЌЕ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ?

Ќе забележите грчеви,  болка и оток кој обично се појавува на едната нога и понатаму се шири кон подножјето .

– МОДРИНКИ

Модринките настануваат, кога малите капилари под површината на кожата пукаат. Посклони кон настанување на модринки се постарите, потоа ако вашата кожа станува тенка, но и ако земате стероиди или лекови за астма, бидејќи тие може да ја ослабнат кожата.

– КАКО ЌЕ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ?

Во прилог ќе забележите модринка во пурпурна боја и најверојатно ќе чувствувате болка во тој момент.

Како и да е, во сите три случаи треба да се јавите и да консултирате лекар, за да не дојде до влошување на вашата здравствена состојба.

Сподели