Редовниот сексуален живот има многу придобивки за здравјето и организмот. Тој го зголемува имунитетот и нè прави отпорни на различни инфекции и болести. Крвниот притисок се нормализира при редовен секс, како и нивото на стресни хормони кои предизвикуваат голема штета.

Хормоналниот баланс исто така се нормализира, како и нивото на шеќер во крвта. Да не зборуваме дека психички и емоционално човек се чувствува далеку подобро кога е сексуално задоволен.

Кога ќе престанеме да имаме секс телата неминовно одговараат на овој вид на стрес и скудност. Но, што се случува конкретно со градите ?

Чувствителноста им се намалува

Градите се ерогена зона и за жените и за мажите. При редовна стимулација тие реагираат позитивно, стануваат нежни и многу чувствителни. Додека при прекин на практикување на секс за подолг временски период тие како да ја губат способноста да чувствуваат допир.

Потекуваат помалку

При сексуална стимулација градите ја зголемуваат својата големина. Кај некои жени тоа е слабо забележливо, но кај други е појасно. Дури и да не се зголемуваат видливо, градите стануваат тврди и испапчени, особено при оргазам. Кога долго немате секс оваа реакција на градите започнува да слабее.

Протокот на крвта се намалува

Сексуална стимулација го зголемува протокот на крв во половите органи. Ова се однесува и за градите. Кога сепак телото не чувствува сексуално уживање долго време, протокот на крвта кон градите се намалува. Циркулацијата се насочува автоматски кон деловите на телото кои вршат напорна активност, на пример мускулите, екстремитетите, прстите.

Помалку окситоцин

Окситоцинот е хормон не само на среќата, но и на сексот. Тој се излачува за време на секс, особено при оргазам. Овој хормон предизвикува благи контракции на матката. Затоа кај некои жени правење на секс во последните месеци од бременоста не е препорачливо. Но и нивото на стрес може да се зголеми, ако окситоцинот се намали. Тоа секако не е добро за вашето тело.

Градите нема да одвојат толку феромони

Феромоните се одделуваат со специфична телесна течност, слична на пот, но не сосема. Таа се одделува од минијатурни каналчиња по површината на ореол на градите. Колку помалку секс правите, толку помалку феромони се одделуваат.

Сподели