Што да правите, ако вашето дете не сака да спие само?

dete i spavanje

Често пати се случува некој пријател да ви се пожали за тоа дека неговото мало дете не сака да спие во своето креветче или можеби и самите сте сведоци на полноќните патувања на вашите најмили од креветчето до подот или до вашата спална?

Многу родители овој проблем го решаваат така што го земаат детето во своето брачно легло и го оставаат да спие во средина, меѓу мама и тато. Но, за некои ни тоа не е соодветно решение, бидејќи потоа тие цела ноќ ја поминуваат во грч, плашејќи се да не го поместат или потиснат своето малечко.

Ви нудиме 6 совети како да се надмине проблемот наречен „Не сакам да спијам во моето креветче“

Направете компромис
Ако вашето дете инсистира да остане со вас во текот на ноќта, дозволете му, но под услов да не спие во вашиот кревет. Наместо тоа, пренесете го неговото креветче во спалната соба и дајте му до знаење на детето дека вие сте во близина и дека во секој момент може да го прегрнете ако има потреба од тоа.

Откако малото ќе се навикне да останува во своето креветче цела ноќ, без будење, можете безбедно истото да го вратите во неговата соба.

„Убијте“ ги чудовиштата кои живеат под креветот
Децата имаат бујна фантазија, па често самите измислуваат суштества и чудовишта за кои тврдат дека се под нивниот кревет, зад вратата или во орманот со алишта.

Наместо да се трудите да им објасните дека такво нешто не постои, послужете се со мал трик: убијте ги чудовиштата со „специјален спреј против чудовишта“ – вода!

Испрскајте ја собата, а потоа заедно уверете се дека чудовиштата повеќе ги нема. Исто така, ако детето се плаши од темнина – набавете светилка која фрла пригушено светло, а која нема да го попречи сонот на детето.

Наградувајте ги
Смислете мала наградна игра. Секоја вечер помината во нивниот кревет, наградувајте ја со нешто ситно, како наградна налепница или омилениот цртан филм пред спиење, а за успешно совладана недела – однесете ги негде по нивна желба. Ова навистина функционира!

Вратете ги во својот кревет
Оваа задача е една од најтешките, но функционира ако сте упорни. Во момент кога тие ќе го напуштат своето легло и ќе се појават на вратата од вашата спална, мирно станете, земете ги во раце и без збор вратете ги назад.

„Без збор“ е клучниот момент овде: значи без викање, закани, тешење.. само вратете ги и бакнете ги за добра ноќ.

Престојувајте во нивната соба додека заспијат
Ова е функционален, но тежок начин за добивање резултат. Првите неколку вечери седнете до нив на креветот, галете ги, но не им зборувајте. Поентата е во тоа да сфатат дека е време за спиење, а не време за разговор со мама.

По неколку вечери, преместете се на столче подалеку од креветот… Потоа, само посакајте им добра ноќ од вратата, за на крајот само да ви го чујат гласот од другата соба.

Затворете ја вратата и од вашата и од нивната соба
Многу родители сметаат дека детето ќе се чувствува побезбедно ако вратите се отворени, но вистината е таа дека отворените врати само ги нарушуваат мирот и тишината, секогаш кога некој ќе се помрдне, прозбори или ќе се запали светло.

 

Advertisement